Поради тест за Пирели, тренинзите во Јапонија и Америка ќе бидат подолги

Марио Исола, шефот на Пирели Моторспорт, откри дека годинава добиле нови можности во однос на тест на нови гуми во текот на сезоната.

Вториот петочен тренинг на Сузука во Јапонија и КОТА во Тексас ќе трае 90 наместо вообичаените 60 минути со цел да им се даде можност на сите екипи да ги пробаат номвите гуми за следната сезона. Италијанскиот производител со пневматици добил дозвола за нов начин на тест во текот на сезоната поради премногу густиот календар во кој не можело да се најде соодветни денови за тоа.

добивме можност да го користиме вториот тренинг кој ќе трае 90 минути наместо 60 и на него ќе возат сите 20 болиди секој со различна задача. како што е тоа вообичаено, никоја екипа нема да знае што тестира и какви гуим вози, но тоа за нас е многу важно на овој тест затоа што 24 трки годишно едноставно нема време и простор за тестирање.

невозможно е да се најде слободен термин за наш тест, европскиот дел од сезоната е кус како никогаш до сега, а вторник и среда по крајот на трките се патува на друга патека, така што можностите се многу ограничени – посочи исола.

Пирели воведе 18-инчни тркала за оваа сезона со цел подобро тркање и подолго притискање и вадење максимум од пневматиците. За да се осигураат дека го поситгнле посакуваниот ефект, Исола посочи дека екипите работат заедно со нив а да се осигураат дека решението коа го одбрале за тест ќе е згодно за сите страни.

Така, секоја екипа ќе добие план кој ќе треба да го одработи во Јапонија и САД.

планираме да има дадеме план кој треба да да го одработат со километри кои треба да ги извозат, слично на нормална петочна втора сесија. секоја екипа ќе треба да извози ист број на кругови со прототип гуми за кои не знае какви се.

се обидовме да не промениме многу во однос на конструкцијата за време на тестот затоа што екипите пред себе имаат цел викенд за кој се сетирани. работиме со екипите за да најдеме паметно решение со цел да им дадеме можност за тест без притоа да го уништиме нивниот план.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ