Рехабилитацијата на Занарди ќе трае долго

Синот на Алекс Занарди изјави дека има охрабрувачки знаци за ситуацијата на поранешниот Формула 1 возач кој ја напушти болницата оваа недела. 

Поранешниот возач на Лотус и Вилијамс беше цел месец во вештачка кома поради тешките повреди на главата пред да биде префрлен во центар за рехабилитација.  Неговиот син Николо изјави дека татко му е сеуште во кома, иако сигналите кои ги добива за неговата ситуација се охрабрувачки. 

Тој ќе успее, сигурен сум. Ќе го направи истото и еден ден ќе зборуваме пак. Тој ќе зборува со мене и со моите деца. Се надеваме дека тоа ќе се случи. 

Николо Занарди сепак е загрижен за видот на татко му. 

Тоа не е најважно сега, Најважно е да може да комуницираме. Не чека долг пат и Среќни сме што тој закрепнува побрзо од очекуваното, но тоа не треба да не изненади.

Човекот има огромна енергија, Невообичаено е силен. Без да навлегуваме во детали тој е подобро и се опоравува. Нема веќе опастност по неговиот живот. За рехабилитација треба многу време. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ