Роси најави дека Алонсо и Пиастри ќе бидат на гридот догодина

Главниот извршен директор на Алпин, Лорен Роси, е убеден дека Фернандо Алонсо и Оскар Пиастри ќе бидат на формула 1 гридот следната година, но најави и дека размислуваат да го позајмат австралијанецот во друга екипа.

Французите разсмислуваат за своите опции за возачите за догодина откако двојкратниот првак ќе го одработи својот договор до крајот на ова година, а актуелниот Формула 2 првак и нивни штитеник, Оскар Пиастри, бара место да влезе на гридот.

Шпекулациите дека Пиастри ќе дојде во Вилијамс следната година на местото на Николас Латифи се се посилни, но Алпин сеуште немаат официјална објава за своите возачи.

договорот на фернандо завршува на крајот на оваа година и јасно е дека разговараме со него. работиме да ги сместиме и него и оскар на гридот затоа што нашата идеја е тие да возат во формула 1 догодина.

мислам дека двајцата ќе бидат на гридот, но не смеам да откривам никакви дополнителни детали – посочи роси.

Доколку го сместат во некоја екипа од гридот, Алпин не размислуваат да го ослободат него од обврските кон нив, туку само да го позајмат.

сакам да го позајмиме оскар на некоја екипа доколку го добиеме назад. многу инвестиравме во него, веруваме во него и поради тоа е наш резервен возач. тој е огромен талент и многу ветува поради што сакаме да вози за нас еден ден.

позајмица како и многу други возачи може да испадне одлично, а потоа да се врати кај нас и да продолжи каде што застана би било идеално.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ