Сите тимови ќе подготват болиди за последниот тест на Пирели

Шефот на Пирели, Марио Исола, потврди дека сите десет Формула 1 екипи ќе прилагодат посебни болиди за последниот тест на италијанскиот „гумар“ по крајот на тркачката сезона, односно по трката во Абу Даби каде последен пат ќе се тестираат 18-инчните гуми.

Спортот преоѓа од 13-инчни на 18-инчни гуми следната година кои ќе бидат со низок профил, а Формула 2 ќе почне да ги користи истите уште сезонава со цел д се приберат колку што може повеќе податоци. Последниот тест во годината по последната трка е буквано единствениот момент во Формула 1 кога сите екипи заедно работат за иста цел.

сите екипи ни ветија на крајот на минатата година дека ќе прилагодат послебни болиди за последниот овогодишен тест. тоа беше важно да се чуе затоа што ќе биде иетнресно во абу даби да се вози на крајот на годината со сите болиди прилагодени за 18-инчни тркала.

доколку некои тимови не можат да направат такви болиди ќе биде проблем, но вака е многу пдобро за последна валидација на гумите и податоците околу нив. убаво е што сите сме сложни во развојот на пневматиците и тоа ќе биде одлично за еднаквоста и конкурентноста следната година – смета сирил абитебул од пирели.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ