Состојбата на Занарди влошена, вратен на интензивна нега

Алекс Занарди е префрлен назад на интензивна нега во Милано, откако неговата состојба се влошила.

Минатата недела, Занарди беше префрлен од болницата во Сиена, каде имаше неколку операции за повредите кои ги здоби во несреќа со неговиот рачен велосипед, во специјализиран центар за рехабилитација во Леко.

Тоа се виде како позитивен знак и прв чекор кон опоравувањето на поранешниот Формула 1 возач. Но, ненадејно влошување на неговата состојба ги примора докторите да го вратат назад на интензивна нега. Клаудио Занадо, неговиот доктор во болницата во Комо, го истакна следното:

Денес, поради нестабилноста на состојбата на Алекс Занарди и по консултации со Др. Франко Молтени, одговорниот за специјализирана рехабилитација, беше нареден трансфер на пациентот. Моментално, немаме повеќе информации кои може да ги споделиме за овој случај.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ