Тимовите сакаат еднаква алокација на гуми и сезонава

Формула 1 нема да се врати на системот на посебна алокација на гуми за секој возач и повторно ќе биде оставено на Пирели да донесе исти сетови гуми за секој возач поодделно.

Екипите добија флексибилност во 2016 година, но истата се користеше до 2020 година кога поради пандемијата и логистичките проблеми што се појавија кај Пирели, сите возачи добиваа исти гуми од единствениот снабдувач со пневматици во спортот.

Екипите добиваат исти гуми за секој возач и тоа вкупно 13 сетови мазни гуми за суво време кои се користат на трнинзите, квалификациите и трката и тоа два најтврди сетови, три средно тврди и останатите осум се од најмеката компонента.

Иако ситуацијата со пандемијата е многу помирна годинава, Пирели не очекуваат брзо враќање на поединечната алокација користена претходно и тоа го барале тимовите повеќе од нив.

моравме да најдеме решение за време на пандемијата и моравме брзо да реагираме. но, екипите дојдоа кај нас и ни кажаа дека им се допаднал системот и сакаат да го користат за во иднина, така што одлука за фиксна алокација е на нивно барање.

исто ќе биде за сите и никој нема да има никаква предност. може да планираат со еднакви сетови наместо да трошат време и персонал да размислува за стратегијата со гумите – посочи марио исола, шефот на пирели.

Годинава ќе се воведат нови 18-инчни гуми, така што и за екипите е тешко да имаат соодветни информации за тоа какви гуми им се повеќе потребни.

на крајот од 2020 година екипите побараа да продолжиме со фиксна алокација на гуми и во 2021 година, а со новиот производ оваа година, сите сакаа решително да продолжиме во таа насока со исти сетови гуми за секој возач. не знам дали догодина некој ќе сака да промениме, во моментов изгледа дека не.

Иако новите и поголеми гуми беа тестирани лани со посебно модифицирани болиди, сепак, вистинското чувство и вистинскиот тест ќе биде годинава и тоа на првиот тест на автодромот крај Барселона во Февруари. Исто така, Пирели најавува дека и новите гуми ќе имаат таканаречена “карпа“ односно момент по кој перформансите драстично ќе деградираат и сакаат тоа прво да биде тестирано годинава, а подобрено за следната.

моравме да развиеме целосно нов производ, нова гама на компоненти за 18-инчните гуми. зборуваме за седум различни произоди, имаме пет компоненти кај мазните  гуми, една кај интермедиа и една компонента за дожд.

имавме многу работа лани, а во прилог не ни одеа ни рекордните 22 трки, така што мислам дека беше одлично постигнување од наша страна. гумите се дизајнирани на различен начин и треба да постигнат различни цели.

моравме да дизајнираме нов профил, да развиеме нова конструкција, да го оптимизираме нагазниот дел, да дизајнираме нова серија компоненти, така што ова е целосно нов производ и целосно нов пристап при развој на истиот.

дадовме фокус и приоритет на остварување на целите, намалување на прегревањето и деградацијата. таканаречената карпа е нешто што ќе се случи ако гумата се користи премногу, но не беше една од целите за годинава иако ќе биде за во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ