Томбазис: Потисната сила ќе се намали за 10% догодина

Според очекувањата на Пирели, потисната сила наредната година по измената на правилата ќе се намали за 10 проценти. 

Луис Хамилтон ги критикуваше Пирели за нивните гуми откако имаше доста проблеми на Силверстон и со дупната гума ја завшри трката. 

Со овие гуми не може да напаѓаме. Ние возачите треба да направиме притисок и мора да се поправи тоа – посака актуелниот првак.

Наредната година е последна за 13-инчните гуми пред во 2022 година да започнат со употреба 18-инчните гуми и целосно новите правила кои одат со нив. Следната сезона ќе биде трета за Пирели со истите гуми кои беа промовирани лани.

ДОколку знаевме за пандемијата, тие ќе направеа гуми кои се поробусни. 

За да им се помогне на Пирели, наредната година ќе биде намалена потисната сила. Овој викенд на Спа, Карлос Саинз возеше со пробен под за наредната сезона. 

Има три мерки со кои ќе се намали потисната сила за 4-5 проценти. Заедно со промената на подот ќе се намали потисната сила за 10 проценти, Но очекуваме и тимовите да поработат на тоа – најави николас томбазис, одговорниот за отворени едноседи во фиа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ