Тост очекува топ 5 со Алфа Таури

Шефот на Алфа Таури, поранешен Торо Росо, Франц Тост, очекува подобра позиција за тимот претсојнава тркачка сезона и има за цел да бидат во 5те најбрзи болиди сезонава.

Екипата од Фаенца промени име кое го доби по модниот бренд на Ред Бул, а авршија на 6то место лани, најдобар резултат на нив во нивната историја која датира од 2006 година. Австриецот верува дека искусните возачи ќе му овозможат дополнителен напредок и подобри резултати во 2020 година.

никогаш не сме имале толку искусни возачи, а резултатот зависи од тоа колку конкурентен болид е произведеме. се надевам дека ќа предуваме во однос на лани, а целта е јасна, подобри перформанси и топ 5 во конструкторскиот поредок.

се надевам дека ќе ги стигнеме рено, зависи од тоа кој ќе направи подобар болид, кој ќе има подобар напредок во текот на зимата, но и кој повеќе ќе се развива во текот на годината, а јас се надевам дека тоа ќе бидеме ние – посака тост.

Пред Алфа Таури има тешка задача, да се борат на врвот од средината на поредокот против Мекларен и Рено, екипи кои имаат значително повеќе финансии на располагање од нив. Сепак, Франц верува дека целта е реална со оглед на техничката соработка од голем обем која ја имаат со Ред Бул.

се подобривме во споредба со 2018 година во многу различни области. бевме подобри аеродинамички гледно, но и во механичкиот дел благодарение на ред бул технолоџи затоа што ја имавме нивната ланска суспензија, како напред, така и назад, имавме менувач и хидраулика од нив што многу ни помогна. не беа само перформансите подобрени, туку и издржливоста и квалиттот.

направивме одличен напредок со перформансите на болидот и најдвме нови начини и решенија да извлечеме повеќе од пакетот со кој располагаме. подобро разбравме како да работиме со гумите и како да ги немаџираме, а и на трка значително напреднавме. имавме многу брзи промени на гуми, иако имаше подеми и падови кои треба да ги “испегламе“.

ако работиме заедно со нашиот партнер со тек на време многу ќе се подобриме во разбирањето на сите сегменти. очекувам одлична соработка годинава благодарение на ред бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ