Формула Е ја откажа трката во Кина поради Корона вирусот

Формула Е ја откажа трката во Санија, на островот Хаинан, која беше закажана за 21 Март, додека Кина со значителни потешкотии се справува со Корона вирусот.

Бројот на луѓе кои го загубија својот живот во Кина поради вирусот се искачи на 304, додека во Сабота Кина објавија дека бројот на заразени е над 14,000. Во Четврток, Светската Здравствена Организација (WHO), го опиша вирусот како глобална ургентна ситуација, чекор кој ги натера Формула Е да го откажат настанот на островот Хаинан, додека не се најдат алтернативни датуми доколку се подобри ситуацијата.

Поради постојаното ширење на Корона вирусот и по блиска консултација со инволвираните оддели во провинцијата Хаинан и владата во Санија, Формула Е, заедно со ФИА и Автомобилистичката Федерација на Кина, како и локалниот партнер, Енова Холдингс, одлучи трката во Санија закажана за 21 Март да се откаже.

Поради зголемената здравствена грижа и по одлуката на Светската Здравствена Организација, Формула Е ги превзеде потребните чекори да го обезбеди здравјето и безбедноста на нашите вработени, учесници во првенството и гледачи, кои се од наша најголема важност.

Работиме со нашиот регионален партнер и локалните власти и ја надгледуваме ситуацијата додека се развива. Сите странки ќе посветат време да ја разгледаат ситуацијата за алтернативни датуми доколку се подобри ситуацијата – изјавија од Формула Е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ