Шафнауер откри како Окон му помогнал на Алонсо

Тимскиот шеф на Алпин, Отмар Шафнауер, објасни како Естебан Окон имал клучна улога помагајќи му на Фернандо Алонсо кон крајот на Канадското Гранд При.

Француската екипа дојде до двојни поени, 6ти беше Окон, Алонсо зад него, но откако доби казна, официјално заврши на 9та позиција. Нандо беше незадоволен што тимскитенаредби на крајот од трката не му дозволиле да го мине својот колега.

Тимот го задржа Фернандо на долга прва серија иако тој се мачеше со гумите и ритамот откако стартуваше на 2ро место на гридот. Шпанецот смета дека е цел викенд побрз од Окон, по што Шафнауер објасни дека позиционирањето на болидите било клучно, а на Фернандо не му било дозволено да користи ДРС за да го мине Естебан поради тоа што имал проблем со моторот.

на средина од трката, фернандо почна да се жали на моторот и изгледаше дека има некакви дупки во ладилникот што требаше да се процени. естебан немаше никакви проблеми и беше малку побрз кон крајот, а заостана затоа што возеа во дрс воз и да не беше така, фернандо ќе беше под ризик да биде минат, така што естебан му помогна држејќи го во дрс – откри шафнауер.

Двократниот првак очигледно сакаше да биде пред својот колега откако во текот на трката го промаши тајмингот на виртуелното и обичното безбедносно возило, шефот на тимот појасни дека промена на позициите не била можна.

не можевме да го промениме поредокот затоа што на тој начин ќе бевме вистински ранливи и ќе загубевме позиции. беше вистинска работа да го задржиме окон поназад за да му дадеме др на фернандо. тој можеше да мине и да го одлеппи алонсо, но тоа немаше да биде добро за екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ