VinFast ќе биде главен спонзор на Виетнамското Гранд При

Формула 1 објави дека главен спонзор на Големата награда на Виетнам која ќе се одржи од 3 до 5 Април следната година ќе биде компанијата VinFast.

VinFast е најголем производител на автомобили во Виетнам и дел од VinGroup кои ќе бидат главни промотери на Гранд При трката.

VinGroup е водечка компанија во областа на технологијата, индустријата и услугите во земјата со свои деловни активности во недвижен имот, хотели и ресторани, забава, малопродажба, здравствена заштита, образование, земјотелие и индустрија. Тие имаат повеќегодишен договор за организација на Франд При трката кој почнува следната година.

VinFast постои од 2017 година, а првите модели ги промовираше на саемот за автомобили во Парис минатата година.  Нивните автомобили се базирани на постари модели на БМВ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ